Четири дрона заглавија 60 летови и 10.000 патници во еден ден

Четири нелегално управувани дронови предизвикаа приземјување на над 60 летови во Кина, што беше трет ваков инцидент за една недела. Како резултат на тоа 10.000 луѓе беа заглавени на аеродром.



Според Кинеската новонска агенција, на Меѓународниот аеродром во Ченгду стигнале пријави дека има четири дрона што недозволено летаат во заштитената зона на аеродромот, а еден поминал под авион што слетувал.

Околу 58 летови беа пренасочени на други аеродроми, а четири мораа да се вратат назад, додека 10 беа одложени, во еден ден.

Едно лице е уапсено за управување на дроновите.

Според локалните закони, моделарските авиони и беспилотните летала не смее да се користат на 10 километри од ценатрот на авионските писти и на 20 километри од крајот на пистата на цивилни аеродроми.

No comments

Powered by Blogger.