Хит на Инстаграм: 6 жени кои доминираат во машката професија


Иако авијацијата сè уште се смета за област во која доминираат мажите, тоа наскоро би можело да се промени.

Имено, од ден за ден се зголемува бројот на жени пилоти, а токму тие со помош на социјалните мрежи настојуваат да ги срушат предрасудите и да ја направат оваа професија попривлечна за женскиот пол.

На Инстаграм се појавија 6 девојки кои покажаа дека управувањето со авиони не е само работа за мажите.

Со објавување на фотографии од пилотските кабини и од разни возбудливи дестинации ширум светот, овие пилотки “собрале” прилично голем број на следбеници на Инстаграм.

Токму и на тој начин тие станаа инспирација за останатите девојки и жени да не се откажуваат од своите соништа да работат машка професија.

Eva Claire Marseille е 31-годишна пилотка која има повеќе од 41 илјади следбеници. Оваа девојка од Холандија, често објавува фотографии од управувањето на авионот Boeing 737.

Eser Aksan Erdogan од Холандија има профил со повеќе од 64 илјади следбеници, на кој постојано објавува фотографии од локациите кои имала прилика да ги посети.

Lindy Kats има 23 години и управува со Boeing 717, а нејзиниот профил е следен од повеќе од 47 илјади луѓе.

Уште една млада пилотка на листата – 24-годишната Швеѓанка Maria Fagerström има доста популарен Инстаграм профил, со повеќе од 227 илјади следбеници. Таа, на фотографиите често е забележана како работи со други пилотки како што е Marie Pettersson, која на Инстаграм ја следат преку 389 илјади луѓе.
Во ова “друштво” се истакнува пилотката која не е од Европа. Мексиканката Alejandra Manriquez има повеќе од 77 илјади следбеници на својот профил, на кој често објавува селфија од пилотската кабина како и фотографии од многу дестинации на кои била.
 
  •  

    No comments

    Powered by Blogger.