Клучни 57 часа: Како дојде до првиот американски напад врз Сирија?

Пишува: Toчка

Во вторникот наутро, претседателот Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа ги гледал телевизиските снимки од мртвите деца кои беа убиени во нападот на Сирија со отровен гас. Во тој момент, како што пренесуваат инсајдери за Wall Street Journal, тој одлучил дека треба да се одговори, но немал јасен план.

Новоименуваниот претседател без воено и политичко искуство во следните 57 часа, по серија консултации со советниците, донесе одлука да го започне првиот американски воздушен напади на сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад, а ова се први вакви операции во шест години од траењето на граѓанската војна во Сирија.

"Тој момент на некој начин го промени. Јасно е дека на еден многу личен начин се поврза со она што се случи во Сирија. Мислам дека се чувствувал како да немал друг избор", изјави сенаторот Боб Чокер за WSJ кој зборувал со Трамп во четвртокот вечер, веднаш откако САД ги лансираше 59 Tomahawk проектилите врз воздухопловната база во северниот дел на Сирија.



Трамп во средата попладне на состанокот во Белата куќа им кажал на неговите помошници дека сака "пропорционален одговор". Тие ги искристализирале двете опции: две војни (еден поагресивна од другата) и еден кој вклучува собирање на дипломатски и економски мерки. Во четвртокот, околу 13:30 на седницата одржана во претседателскиот авион Air Force One, Трамп ја одбрал помалку агресивната воената опција.

Кога пристигнал во Флорида околу 16 часот, повторно го собрал својот тим и наредил воздушен напад. Со тоа се согласиле министер за одбрана Џим Матис, државниот секретар Рекс Тилерсон, советникот за национална безбедност Х. Р. МекМастер, потпретседателот Мајк Пени и Џеред Кушнер, зетот на Трамп и висок советник во Белата куќа. Од друга страна, главниот стратег на Трамп, Стив Банон бил против воени удари.



Во 19:10 Трамп се облекол во смокинг и придружуван од неговата сопруга Мелани заминал на вечера со кинескиот претседател и неговата сопруга. Како што вечерале, американската армија започнала да ја бомбардира Сирија, и ги погодиле нивните цели до крајот на вечерата. Испраќајќи се со кинескиот претседател, Трамп го информирал што се случува, а потоа заминал во безбедносната соба (Sensitive Compartmented Information Facility - SCIF), од каде што ја надгледувал целата операција.

Трамп го посрамотил Кси, претседателот на Кина

Кси Џинпинг, претседателот на Кина, кој во тоа време, како гостин на претседателот на САД бил во Март-а-Лаго, Доналд Трамп, наводно усно го информирал за нападот, но не е познато кога, Wall Street Journal тврди дека тој го спомнал по вечерата.



Кога и да било, Кси тешко дека би бил задоволни. Трамп започна напад кој ги менува работите во една од најважните меѓународни жаришта. А кризата, за која тие требало да зборуваат, во Источна Азија ја има во изобилство. Акција против Башар ал-Асад, која Трамп ја објави по вечерата, фрлила сенка на посетата чија цел била запознавање на кинескиот претседател со неговиот американски колега, Доналд Трамп. Формалните разговори, кои беа закажани за вчерата, морале да ја променат динамиката бидејќи со акцијата на Трамп во Сирија тој покажа дека не се плаши да дејствува и тоа не е човек кој долго советува, а не применува. Кина, на прашањето на Сирија, претходно се држела на Русија, ставајќи вето на сите предложени акции во Советот за безбедност на ОН, чија цел имале било каква акција против Башар ал Асад. Ставајќи ја настрана оваа "мала работа", нападот на Башар, состанокот започнал добро. Трамп изјавил дека е среќен со почетокот на "многу добри односи", игнорирајќи ги своите редовни Твитер коментари во насока на Пекинг. Кси и неговата сопруга биле послужени за вечера, бифтек како главно јадење, иако Трамп, кога Кси дошол како гостин на поранешниот претседател, Барак Обама, изјавил дека наместо тоа, на државникот ќе му понуди Биг Мек. "Тоа сепак е лидер на земјата која ја силува американската економија", изјавил Трамп.



Уште на самиот почеток на средбата, Трамп се пошегувал дека "разговарал со Кси, но ништо, ништо не успеал да извлече од него." Па, на тоа додал дека барем има чувство дека тие станале пријатели, и верува дека на долг рок ќе имаат "одличен однос", а за тоа, како што кажал, многу е среќен. Тој ја пофали и сопругата на Кси, Пенг Лијуан, позната пејачка во Кина, велејќи дека тој бил почестен како домаќини што има таков талент за гостин, односно голема ѕвезда.

No comments

Powered by Blogger.