Очајни родители во потрага по своите деца: Во градот на хоророт, исчезнале над 500 деца...

Пишува: Точка

Семејствата кои се вратиле во уништениот нигериски град Дамасак се очајни - изгубена им е трагата на на 500 нивни деца кои што биле киднапирани од џихадистите на Боко Харам, група лојална на Исламската држава.

Неколку илјади раселени жители се враќаат во разурнатиот град Дамасак во Нигерија, градот кој до неодамна беше под окупација на исламистичките екстремисти на Боко Харам. Додека градот се обидува да се врати во нормала, еден ужасен факт ја потресе цела Нигерија и целиот свет - родителите и натаму не можат да ги пронајдат своите деца.

Најголемиот дел од децата биле киднапирани од џихадистите во 2014-та година, а досега никој не успеа да ги пронајде. Многумина се надеваа дека џихадистите ќе се смилуваат и ќе ги остават зад себе децата, меѓутоа од нив ни трага ни глас.



Иако нигериската Влада им ветила дека ќе им помогне, она најважното поради кое се вратија - судбината на нивните деца останува нерешена. Од Владата порачуваат дека податоци за исчезнатите деца немаат, додека секојдневно добиваат нови имиња од исчезнатите деца.

„После две години, родителите на исченатите деца се очајни во настојувањето да добијат за нив било каква информација“, велат за "The Washington Post" од организацијата "Humans Right Watch".


Илјадници Нигеријци исчезнале откако терористите на Боко Харам започнале да го шират своето влијание кон североистокот на земјата кој што е населен од население со христијанска вероисповед. Бројни киднапирани девојчиња биле присилувани на брак со џихадистите.

Некои од децата неколку години подоцна се појавувале како бомбаши самоубијци, момчињата неретко завршувале како војници, додека возрасните мажи биле убивани. Дури сега кога луѓето се враќаат во своите домови можат да се видат размерите на ужасот кој што зад себе го оставиле Боко Харам.

No comments

Powered by Blogger.