5 фотографии од луѓе кои в лице ѝ се смееле на смртта

Пишува: Точка


НОВОПОВРЕДЕН ЗОРАН ЗАЕВ И УШТЕ НЕКОЛКУ ДРУГИ ПРАТЕНИЦИ ВКЛУЧУВАЈЌИ И НОВИНАРИ ПРИ НАПАД ВО СОБРАНИЕТО



Стравот од смртта е својствен за секој жив човек, а овие фотографии се приказ на храброст пред напуштањето на овој свет.

Сликата кажува повеќе од илјада зборови, но сепак не се сите фотографии исти. Овие фотографии настанале во непосредна смртна опасност, а ја откриваат храброста на непознатите јунаци кои на овој начин останале вечно забележани.

1. Последна насмевка



Финското Министерство за одбрана во 2006 година ја класифицирало оваа фотографија како „непознат советски разузнавачки агент непосредно пред неговата егзекуција во Финска, 1942 година“.



За време на Втората светска војна, Финска била сојузник со нацистичка Германија со цел повторно да ја освои територијата која ја загубила во Зимската војна со Советите во 1939 година. Советските шпиони и саботери, наречени „десанти“, со падобрани се спуштале во Финска и ги ризикувале своите животи – со смрт или со затвор. Шпионите биле најактивни во периодот од 1941 до 1944 година, кога биле заробени 588, а 161 биле убиени. Финците не ги давале во јавност фотографиите од фатените агенти за да не се користат како пропаганда.

2. Отпор со насмевка

Снимена во октомври 1944 година, оваа фотографија го покажува Жорж Блинд, припадник на француското Движење за отпор за време на Втората светска војна. На неа тој му се смее в лице на нацистичкиот тим за стрелање. Можно е да се смеел затоа што го забележал фотоапаратот и намерно не сакал да го признае стравот пред непријателот, но во секој случај остава впечаток на храбар човек.



Сепак, тој не бил убиен, туку можеби токму поради таа насмевка одлучиле да го преместат во концентрациониот логор Блешамер, каде што сакале малку да го измачуваат пред егзекуцијата закажана за еден месец подоцна. Под нацистичката окупација биле убиени повеќе од 30 илјади француски цивили. Мажите обично ги врзувале за дрво или столб и умирале од стрелечки вод кој го сочинувале и до 60 луѓе.
3. Банзаи

Оваа фотографија го прикажува екипажот на јапонскиот носач на авиони Зуикаку на кој наздравуваат пред потонувањето во битката за Кејп Енгањо. На 24 октомври 1944 година, голем американски воздушен напад го уништил бродот – со 7 торпеда и 9 бомби. Адмиралот Јисабуро Озава дал наредба за спуштање на знамето и напуштање на бродот.



Зуикаку се превртел и потонал со врвот кон дното, однесувајќи со себе во длабочината 842 морнари кои не сакале да го напуштат бродот, а пред смртта извикале Банзаи, што било кратенка од "Tennouheika Banzai", што значи „долго нека живее неговото Височество царот!“, пишува Express.hr.

4. Пркос

Во моментите пред смртта со бесилка, оваа фотографија го прикажува Стјепан Филиповиќ на 22 јуни 1942 година. Рацете му биле високо кренати и викал во знак на бунт и пркос. Пред да биде заробен, Филиповиќ бил југословенски партизан и член на Народно ослободителната војска, а пред смртта извикал: „Смрт за фашизмот, слобода за народот!“



Подоцна тие зборови ги усвоиле партизаните како слоган потсетник на Втората светска војна, а Филиповиќ бил прогласен за народен херој.

5. Камикази



На фотографијата прикажан како држи куче, 17-годишниот јапонски војник Јукио Араки бил млад човек кој веќе утредента умрел – во самоубиствен камикази напад. Младиот пилот на 27 мај 1945 година тргнал од воздушната база Банзаи во напад на американските сили во близина на Окинава. Араки наводно се забил со својот авион во бродот USS Braine, убивајќи 66 луѓе и уништувајќи го бродот до крајот на војната.

No comments

Powered by Blogger.