Можете и без кафе: 4 едноставни “подигнувачи” на енергијата кои не содржат кофеин!

Пишува: Точка

За многумина, кафето е незаменлива рутина во утринското будење и подигнувач на енергијата во текот на денот, но кофеинот често предизвикува исцрпувачки круг – најпрво чувствуваме наплив на енергија, но по неколку часа потоа следува “пад” на организмот и потреба за нова доза на кофеин.
Затоа, Ви предлагаме да ги пробате следниве четири супередноставни начини за подигнување на енергијата без кафе.

Гума за џвакање

Истражувањата покажуваат дека гумата за џвакање го поттикнува излачувањето на хормонот кортизол, кој наутро поволно влијае на будењето и концентрацијата. Исто така е докажано дека гумата за џвакање допринесува за поенергични утра и подобро расположение.

Шетање

Телесната активност го поттикнува срцевиот ритам, циркулацијата и метаболизмот, а свежиот воздух и сончевата светлина се вистински мелеми за добро расположение.



Кратката, активна прошетка од 15-20 минути наутро го разбиструва умот и го намалува чувството на умор. Научниците исто така воочиле дека редовната прошетка ја поттикнува креативноста, и дури ја намалува и желбата за слатки.

Пеење

И пеењето има научна потврда дека нè исполнува со енергија. Пеењето наутро додека се туширате допринесува за подобро расположение, отколку само слушањето на музика, тврдат научниците.

Масажа на ушите

Според начелата на традиционалната кинеска медицина, масирањето на ушите е одличен начин да го поттикнете и урамнотежите текот на енергијата во телото. Започнете од врвовите на ушите, полека и нежно масирајќи ги со палецот од едната страна на увото, а со показалецот од другата страна.

No comments

Powered by Blogger.