Утре ново задолжување од 49 милиони евра

Месец мај започнува со ново задолжување. Министерството за финансии за утре распиша нови аукции на државни хартии од вредност, на кои ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15-годишна обврзница, во вкупен износ од над 49 милиони евра.



Следниот ден, поточно на трети мај, за враќање доспеваат 49 милиони евра. До крајот на месецот има предвидено уште две аукции, а вкупниот износ за кој ќе се задолжи Владата за овој месец е околу 70 милиони евра. Во април иако беа предвидени три аукции на државни хартии од вредност, се одржа само една.

Во моментов јавниот долг, според Министерството за финансии е околу четири милијарди и осумстотини милиони евра. Според бројчаникот за јавен долг, пак, таа сума е над пет милијарди евра, или поточно, секој граѓанин е задолжен од околу 2.500 евра.

No comments

Powered by Blogger.