Добила бакшиш од 400 долари: Отишла да им се заблагодари на гостите, а тие ја шокирале со постапката

Пишува: Точка

Кејла дознала каде се сместени дарежливите гости и им однела цвеќе и им се заблагодарила за нивната љубезност. Меѓутоа, дури тогаш следувало изненадување.

Кејла Чандара, келнерка на Хаваите, работи во два ресторани. Поради високите трошоци била принудена да го напушти школувањето и да и` се посвети на работата, се` додека еден пар од Австралија не ја изненадил.

Имено, овие гости во ресторанот каде што работела Кајла биле љубопитни.

„Ме прашаа од каде сум и им кажав дека дојдов тука поради училиштето, но бидејќи паднав во долгови, не можев да продолжам со школувањето, па почнав да работам во два ресторани“, раскажала келнерката.

Тие не се распрашувале повеќе, но Кејла многу се изненадила кога на нивната сметка од 200 долари видела дека и` оставиле бакшиш од дури 400 долари.



„Си помислив ’навистина великодушно од нив’. Никогаш не сум добила толку голем бакшиш, па морав да им се заблагодарам. Додека разговаравме ми кажаа каде се сметени, па одлучив да ги пронајдам“, раскажала таа.

Кејла ги пронашла гостите и им однела цвеќе и им се заблагодарила за нивната љубезност. Меѓутоа, дури тогаш следувало изненадување.

Парот се појавил повторно во ресторанот следниот ден и се понудил да и` помогне во плаќање на школарината во износ од 10 илјади долари.

„Реков ’нема шанси, не морате да го правите тоа за мене. Само сакав да ви се заблагодарам’“. Меѓутоа, тие биле упорни.

„Ми рекоа дека најдобро ќе им се заблагодарам ако живеам што е можно подобро“, објаснила оваа среќна девојка.

Навистина, дарежливо од гостите.



No comments

Powered by Blogger.