Ги исфрлила овие 4 намирници од исхраната и ослабела 70 килограми

Пишува: Точка

Кејси Гемел од Австралија со многу голема волја и труд успеала да изгуби неверојатни 70 килограми, па поради тоа денес претставува инспирација за многу жени ширум светот.

Со соодветна програма за вежбање и план на исхрана кој исклучувал конзумација на јаглехидрати, Кејси за брзо време почнала да забележува промени на своето тело.



Присетувајќи се на морничавите денови, кога ја мачел проблемот со прекумерна тежина, таа открива дека пресвртниот момент бил кога застанала над вага која покажала тежина од 159 килограми.

Тогаш почнала здраво да се исхранува, а еве како изгледала...



„Го променив начинот на исхрана, така што исфрлив четири видови на намирници од моето мени и ништо повеќе. Тоа беше голем предизвик за мене во 33-тата година од животот, бидејќи имав многу лоши навики.“

Тестенините, лебот, сирењето и газираните пијалоци се нашле на забранетата листа на намирници, а после неколку месеци почнала да забележува промени на своето тело.

Освен вежбањето, Гемел не крие дека исто така редовно трчала, а најмногу во тоа и` помогнала една одлична апликација на паметниот телефон.



„Ја симнав апликацијата 5К Runner која ме поттикнуваше да бидам активна, а трчам или да пешачам ако сум мрзелива тој ден“, се присетува Кејси.

Денес оваа жена со задоволство споделува совети со други луѓе и редовно на Инстаграм објавува фотографии на кои се гледа нејзината трансформација, а сето тоа го прави за да им даде поддршка на жените кои водат битка со килограмите.



„Постојат многу луѓе како мене, сакам да им дадам до знаење дека има надеж“, заклучува таа.

No comments

Powered by Blogger.