Бил Гејтс: Сѐ поверојатни се биотерористички напади од кои би загинале 30 милиони луѓе

Сѐ поголема е веројатноста во светот да се случи биотерористички напад кој би можел да збрише 30 милиони луѓе од земјата, предупреди најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.



Причината за поголемата веројатност за ваков напад лежи во тоа што денеска е многу полесно од било кога да се создадат и прошират смртоносни патогени.

Основачот на Microsoft последните месеци во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата на смртоносни респираторни вируси би била поопасна дури и од нуклеарни напади.

Според него, сега е најважно да им се помогне на земјите во следење на болестите и спречување на глобални трагедии.

No comments

Powered by Blogger.