Најозлогласениот полицаец во светот: 30 години ставал невини луѓе во затвор!

Пишува: Точка

Рејналд Гевара, според пишувањето на странските медиуми, е убедливо најлошиот детектив во историјата на полицијата во Чикаго.

Се наведува дека испратил повеќе од 50 невини луѓе во затвор.

„Повеќе од 30 години подметнувал докази, изнудувал признанија и наоѓал лажни сведоци за да ги решава убиствата. Никој не можел да му се спротистави. Дури неодамна неколку семејства успеале да добијат правда. Многу лажни сведочења врз чија основа ги затворал луѓето, биле речиси идентични и очигледно било дека не биле вистинити, туку дека биле извежбани“, вели извор за странските медиуми.

Инаку, Гевара поради убиства испратил 51 човек во затвор и тие вкупно поминале 2.300 години зад решетки. Само шест лица биле ослободени, петмина добиле доживотни казни, тројца биле осудени на смрт, па подоцна биле помилувани. Меѓу двајцата кои умреле зад решетки бил Даниел Пења кој на суд изјавил дека Гевара со тепање го натерал да потпише документ кој не ни го прочитал. Тоа не му помогнало.



Оние кои дополнително биле ослободени добиле оштета од градот Чикаго во вкупен износ од 21 милион долари.

Адвокатката Џенифер Бонџин ги извлекла од затвор Хосе Монтанес и Армандо Серано кои невини 23 години ги поминале во затвор. Сега застапува уште четворица кои се обидуваат да докажат дека полицаецот им ги наместил убиствата.

„Многумина од нив сведочеа дека Гевара жестоко ги тепал и ги мачел и дека на крајот рекле дека ќе кажат се` што тој сака да слушне, само да престане мачењето. Досега шест лица успеале да докажат дека невини завршиле во затвор, 12 ги издржале казните, а уште 29 се` уште се во затвор и тврдат дека се невини. Секако, некои од нив веројатно навистина се виновни, но за некои постојат силни докази дека биле наместени“, рекол изворот.

Еден од најлошите случаи на подметнувањата на Гевара бил случајот на Роберто Алмодовар. Тоа момче 17 часа дневно чистел тоалети и одеднаш завршил во затвор поради двојно убиство. Добил доживотна робија.

„Господине Гевара, дали е вистина дека сте му ги наместиле убиствата на господинот Алмодовар?“, го прашал адвокатот.

„Според советот на адвокатот, се повикувам на Петтиот амандман“, одговорил Гевара и истата реченица ја повторувал во текот на целото судење, одбивајќи да одговори.

Сепак, тогаш одбиле Амодовар да добие ново судење. Но, една недела откако било објавено големото истражување на овие случаи, Алмодовар сепак бил конечно ослободен и сите обвиненија против него биле отфрлени.

Гевара и понатаму ужива во пензијата и прашање е дали некогаш тој ќе се најде на обвинителската клупа.

No comments

Powered by Blogger.