Синот на Шумахер дебитираше во Формула 3

Мик Шумахер, синот на легендарниот Мајкл Шумахер, дебитираше во европската серија Формула 3 на патеката во Силверстон.



Обожавателите на седумкратниот шампион во Формула 1 се воодушевени што неговиот син оди по неговите стапки. Шумахер сè уште е на лекување во Швајцарија, по страшната несреќа во скијање по која е во кома од 2013 година.

Формула 3 е наменета за младите возачи пред да бидат дел од Формула 1. Мик заврши на шесто, осмо и осумнаесетто место изминатиот викенд.

„Мојата цел е во следните години да бидам победник“, вели Мик, кој признава дека неговиот татко му е идол.





No comments

Powered by Blogger.