Меланија Трамп ќе добие отштета од 2,9 милиони долари за клевета

Британски „Daily Mail“ ѝ упати извинување на првата дама на САД Меланија Трамп за текст во кој биле објавени неточни податоци за нејзината работа како професионален модел и постигна спогодба според која ќе ѝ исплати отштета од 2,9 милиони долари.



„Признаваме дека овие тврдења за госпоѓа Трамп не се вистинити и го повлековме текстот. Ѝ се извинуваме на госпоѓа Трамп за непријатноста Што ја предизвика нашиот текст“, велат „Daily Mail“ во извинувањето.

Меланија го тужеше весникот во септември минатата година и бараша отштета од 150 милиони долари. Таа го тужеше медиумот во САД и во Велика Британија.

Весникот објави вест дека Меланија работела како ескорт дама.

Адвокатите на првата дама рекоа дека таа имала многу прилики во животот да заработи пари, нагласувајќи дека работела како професионален модел, во служба за односи со јавноста и почнала неколку брендови производи од кои заработува милиони долари.

No comments

Powered by Blogger.