Трагедија: 23-годишно момче загина откако изгубило контрола над камионот

Пишува: Точка

Загинатиот бил возач на камион со приколка од марката "Сканија", кој од засега непознати причини се излизгал од патот при што се прекршил, кабината запрела на самиот раб на провалијата, но се отворила вратата и момчето паднало во провалијата.

Денес 23-годишен кавадарчанец го изгуби животот во сообраќајна несреќа којашто се случила во близина на Велес. Загинатиот бил возач на камион со приколка од марката "Сканија", кој од засега непознати причини се излизгал од патот при што се прекршил, а кабината од камионот висела над провалија, при што му се отворила вратата од кабината на камионот и паднал во провалијата.


Сообраќајната несреќа се случила на влезот во градот од источната страна од Велес. По несреќата, веднаш интервенирала екипа на итната медицинска служба, која успеала да го извлече момчето од провалијата и да го пренесе во велешката болница. Веднаш му била дадена прва помош, но поради сериозноста на здобиените повреди тој починал во болницата.

На местото на несреќата трае увидот во присуство на основен јавен обвинител и на екипи на СВР Велес. Од полицијата велат дека во текот на денот, односно по завршувањето на увидот ќе дадат подетални информации за причините на несреќата.


Местото на денешната несреќа е црна точка. Тука, заради неприлагодена брзина и непочитување на условите на патот, често се случуваат несреќи со трагичен крај.



No comments

Powered by Blogger.