Застрашувачки закани: "На 22. април во Германија ќе тече ШАРЕНА крв"

Пишува: Точка

Главното државно обвинителство во Карлсруе ја истражува веродостојноста на новото писмо со кое се презема одговорност за нападот на играчите на Борусија Дортмунд, но во кое истовремено се најавуваат нови напади, меѓу другото, и на протестите против популистичката партија Алтернатива за Германија на 22. април во Келн јавуваат германските медиуми.

"Мораме секоја закана да ја сфатиме сериозно со оглед на тоа дека не располагаме со цврсти индиции за позадината на нападот на автобусот со играчите на Борусија Дортмунд", било кажано од безбедносните извори на берлинскиот дневник Tagesspiegel, чија редакција примила најново писмо во кое ја презема одговорноста за нападот во вторникот, а содржината упатува на десно радикална позадина.



Најавен напад за 22. април?

Во анонимниот мејл, кој редакцијата на Tagesspiegel го примила во четвртокот навечер, "се повикува на Адолф Хитлер" и ја критикува политиката на мултикултурното друштво, посебно бегалската политика на владата на Ангела Меркел. Во мејлот понатаму се заканува со нови напади, и се истакнува како нападот на Борусија бил само почеток, пишува Index.hr.

"На 22. април ќе потече шарена крв", стои во дописот, а истражителите тоа го поврзуваат со големите протести против десниот популизам кои следната сабота би требало да се одржи под слоганот "Шарено против кафено" во Келн.



Некој само сака внимание?

Инспекторите сметаат дека е можно да станува збор за некој што сака да го искористи вниманието на јавноста по нападите во вторникот, но и покрај тоа позадината темелно се истражува.

Ова е веќе трето писмо во кое се презема одговорност за нападот на играчите на Дортмунд. Првиот допис од лево-екстремистичката позадина, инспекторите брзо го окарактеризирале како лажен. Но, инспекторите во меѓувреме "оправдано се сомневаат" во веродостојноста на трите писма со иста содржина која била пронајдена во близина на нападот и во кои одговорноста ја презема ИСИС.

Двајцата исламисти кои биле уапсени во средата во меѓувреме повеќе не се поврзуваат со нападот. Во нападот во вторникот на автобусот на Борусија Дортмунд, повреден бил Марк Бартра и еден полицаец од придружбата.

No comments

Powered by Blogger.