Принц Хари прв пат по 20 години проговорил: Не смеев ни да помислам на неа

Пишува: Точка

Британскиот принц Хари го прекинал традиционалното молчење на кралското семејство за проблемите по смртта на принцезата Дајана и прв пат отворено зборувал за психичките проблеми по несреќата во која загинала неговата мајка.

32-годишниот принц Хари, во интервјуто за Daily Telegraph рекол дека му била потребна помош од психијатар и дека бил на работ на нервен слом во текот на двете децении по смртта на неговата мајка, која загинала во сообраќајна несреќа во 1997. година.


Тој рекол дека "ги исклучил сите свои емоции" на речиси 20 години и дека бил "блиску до нервен слом во голем број на случаи".

Го опишал долгиот болен процес на одбивањето да се соочи со загубата, што се завршило дури во неговите доцни 20-ти години, кога побарал професионална помош, за да се избори со притисоците и незадоволствата.



"Мојот начин на соочување со тоа беше забивање на главата во песок, одбивање да мислам на неа, бидејќи, зошто тоа би помогнало?", рекол принцот, зборувајќи за тинејџерските и 20-тите години.

Тие години, како што се наведува, биле период во кој започнал успешна воена кариера, но и повремено привлекувал несакани наслови во медиумите, посебно поради фотографиите на кои се гледа како играл стрип-билјард во Лас Вегас.

Долгото потиснување на тагата, со време довело до "две години целосен хаос", рекол тој. Се преправал дека неговиот живот е одличен додека не започнал со психотерапии и се соочил со проблемите.

"Наеднаш, почна да испливува сета таа тага која не ја покажував никогаш, и тогаш сватив дека всушност постојат многу работи со кои би требало да се соочам", рекол принцот Хари. Заедно со својот брат Вилијам и снаата Кејт, Хари работел со установи кои промовираат ментално здравје.

No comments

Powered by Blogger.