ВТА листа: Ѓорческа скокна 20 места, С. Вилијамс на лидерското


Лина Ѓорческа бележи пласман на кариерата на ВТА листата во поединечна конкуренција. Најдобрата македонска тенисерка напредуваше за 20 места и првата недела од месец мај ќе биде 182 рекет кај дамите со 307 бода.

Двоцифрениот нејзин скок се должи на одличните настапи на фјучерс турнирот во Тунис на кој загуби во финалето од Холанѓанката Рихел Хогенкамп со 5:7, 4:6. До мечот за титулата ги елиминира Чилеанката Даниела Сегел со 3:6, 7:6, 6:3 во првото коло, Французинката Јулија Вулпио со 6:3, 6:0 во второто, Силвија Солер Еспиноза од Шпанија со 4:6, 6:1, 6:2 во четврт-финалето и Хрватката Пера Мартиќ со 3:6, 6:4, 6:4 во полуфиналето.

Серена Вилијамс се задржа на првото место со 7.010 бода пред Анџелика Кербер со 6.915 и Каролина Плишкова со 5.945. Во топ 10 се и Гарбине Мугуруза (4.626 бода), Доминика Цибулкова (4.415), Џоана Конта (4.320), Симона Халеп (4.206), Агнешка Радванска (4.195) и Светлана Кузнецова (4.005).

No comments

Powered by Blogger.