Асад проговори за хемискиот напад: Тоа е чиста измислица, ние немаме хемиско оружје од 2013-та година

Пишува: Точка

Сирискиот претседател Башар Ал Асад порача дека минатонеделниот хемиски напад во сириската покраина Идлиб за кој што беа обвинети сириските воени сили, бил „чиста измислица“.

„Не поседуваме хемиско оружје веќе неколку години, поточно од 2013-та година кога го уништивме целиот хемиски арсенал. Дури и да располагаме со такво вооружување, ние никогаш не би го употребиле“, изјави сирискиот претседател во интервјуто за "AFP".

Исто така, Асад порача дека САД не мислат сериозно кога е во прашање пронаоѓањето на политичко решение за ситуацијата во Сирија и ги обвини Американците дека политичкиот процес во Женева го користат за да им помогнат на бунтовниците кои што ги губат битките на теренот.

„САД не се однесува сериозно во потрагата за било какво политчко решение. Тие сакаат политичкиот процес да го искористат како чадор за терористите“, порача Асад и додаде дека хемискиот напад бил чиста измислица и дека е прифател само непристрасна истрага на инцидентот.



„За нас тоа е 100 процентна измислица. Заедно со Русите ќе работиме за започнување на една меѓународна истрага. Но, таа мора да биде непристрасна. Не можеме да дозволиме да има истрага ако не е непристрасна и мораме да бидеме сигурни дека во неа ќе учествуваат непристрасни земји за да бидеме сигурни дека сето тоа нема да се користи за политички цели“, изјави Асад.

Американскиот напад на 7-ми април воопшто не ја загрозил борбената моќ на сириската армија, порача Башар Ал Асад: „Нашите борбени капацитети во нападите на терористите не се намалени со американското ракетирање“.



Според Асад, хемискиот напад бил само изговор за да биде изведен американскиот ракетен напад на воздушната база на сириската армија.

Инаку, Сириската опсерваторија за човекови права пренесе дека во хемискиот напад биле убиени 87 цивили, меѓу кои и 31 дете. Тој напад го шокираше целиот свет, а сирискиот претседател Башар Ал Асад тврди дека тоа се фотографии кои што биле објавени од огранокот на Ал Каеда во Сирија, алудирајќи на групата Фатах Ал-Чам која што заедно со бунтовниците го контролира погоденото место.

No comments

Powered by Blogger.