Багатела станови: Во Солун метар квадратен станбен простор 200 евра, во Скопје 1200!

Пишува: Точка

Сериозната криза во Грција и големата понуда на станови во Солун ја симнаа цената на 200 до 600 евра за квадратен метар. Ако сонувавте за стан покрај море, сега тој сон може да стане реалност!

Нашиот јужен сосед кој се наоѓа во економска криза тоа ќе ви го овозможи и наместо да купите еден во Скопје, таму ќе може да купите дури три. Кога ќе се направи споредба на цената испаѓа смешна за разлика од Скопје каде становите никуваат како печурки а цената е бетонирана веќе со години. Евтини станови има од Солун па се до туристичките места и Халкидики.

Според истражувањата на пазарот на недвижнини,во Солун по 200 евра за квадратен метар се бара за становите на приземје, додека пак до 600 достигигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките катови. Оние кои веќе купиле стан во Грција велат дека се се завршува преку преку агенција, адвокат и нотар.



поради ова многу Македонци се одлучуваат да продадат дел од своите недвижности во земјата и да купат стан во Солун или некое туристичко место на Халкидики.

Пресметките за купување на стан од околу 40 квадрати во Грција се: Цена: 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост: 900 евра (3%); Нотар: 900 евра (3-4%); Впишување: 180 евра (0,4%); Преведувач: 100 евра; Адвокат: 500 евра; Агенција: 1.200 евра; Приклучок за вода и струја: 250 евра; Годишен порез: 120 евра. Вкупни трошоци: 4.030 евра, пишува Фактор.



Станови обично купуваат оние кои сакаат да летуваат на море или да го издаваат станот . Издавањето се движи околу 200 евра месечно.

No comments

Powered by Blogger.