20 години подоцна: "Тупак е убиен по грешка, јас бев вистинската мета"

Пишува: Точка

Славниот рапер Тупак Шакур бил убиен во 1996. година во Лос Анџелес, а дури сега неговиот некогашен пријател на суд признал дека вистинската мета бил тој, како и кој бил организатор на убиството.

Хип-хоп могулот и продуцент Мерион "Шуг" Најт, сведочел дека тој бил вистинската мета на возачот кој во 1996. година го убил раперот Тупак Шакур, и дека неговата поранешната сопруга и шефот на обезбедувањето на "Death Row Records" стоеле зад организацијата на ова убиство.

Адвокатот на Најт, Тадеус Кулпепер, објаснил дека Шуг сите овие години знаел дека Реџи Рајт Џуниор и неговата поранешна сопруга Шарита стоеле зад убиството на Тупак, односно обидот за убиство на Најт.


Потсетуваме Шуг Најт бил со Тупак вечерта кога бил убиен. Од смртта на раперот мина 21 година, а до 2007. година Шакур продал повеќе од 75 милиони плочи ширум светот.


Бил најголема рап ѕвезда, а и денес е пример за многу рапери и млади луѓе. Се смета дека, сметајќи ги и пиратските изданија, се продадени повеќе од 200 милиони албуми на глобално ниво. Повеќето негови песни се за растењето во насилството и сиромаштијата на гетото, потоа расизмот, како и пресметките со други рапери. Тупак бил познат и по политичките и економски пораки во своите песни. Еден е од најголемите уметници на сите времиња според многу списанија, вклучувајќи го и "Rolling Stone", кој го рангирал на 86. место на листата на 100 најголеми уметници на сите времиња.

Инаку, Шуг Најт во јануари 2015. година бил уапсен под сомнение дека со своето пик-ап возило прегазил две лица, од кои едното починало, а другото било полесно повредено. Несреќата се случила на паркинг пред еден ресторан за брза храна во Лос Анџелес. Според сведочењето на очевидците, контроверзниот рапер ги прегазил двајцата пешаци, а потоа побегнал од самото место.



No comments

Powered by Blogger.