Тој продава луксузна вила од милион долари за 2 фунти – Но, оваа одлична „финта“ ќе му донесе богатство

Пишува: Точка

Куќата има свое кино, шест спални соби, голема семејна бања и кујна, како и огромна градина и простор за паркирање на шест автомобили.

Сопственикот на оваа луксузна вила од Ленкшајер одлучил својот дом да го понуди на лотарија, а за да ја добиете треба да купите тикет кој чини само 2 фунти. Данстан се надева дека до август, кога е предвидено извлекувањето, дека бројот на продадени тикети ќе достигне 500.000.


Засега му оди мошне добро, веќе продал 150.000 тикети. А, како што истакнал, ако износот на продадени тикети ја надмине неговата цел, тој ќе донирал 25.000 фунти во добротворни цели. Данстан Лоу ја купил вилата во 2011 година за 435.000 фунти, а на нејзиното реновирање потрошил 150.000 фунти.


Како што рекол, во вилата се вљубил на прв поглед. Тој вложил многу пари во нејзиното средување и реновирање. Поради тешката ситуација во која се нашол, тој одлучил да ја продаде, меѓутоа никој не се јавил на огласот бидејќи вилата едноставно била премногу скапа – чинела милион долари.


Разочаран, одлучил да ја симне цената на 813.000 долари, меѓутоа ни тогаш немало заинтересирани купувачи. После две години безуспешни обиди за продажба, тој се договорил со сопругата да си ја пробаат среќата со лотарија.



Тој направил страница на интернет каде што може да се купи тикет по цена од 2.5 долари, што обезбедува учество во лотаријата во која главната награда е токму оваа вила. Извлекувањето е закажано за 1-ви август.


Интересот за оваа лотарија е огромен во целиот свет, па има заинтересирани купувачи и од Русија и Кина. Куќата има свое кино, шест спални соби, голема семејна бања и кујна, како и огромна градина и простор за паркирање на шест автомобили.




No comments

Powered by Blogger.