Се хранела со шпагети и со маргарин, а сега ослабела 136 килограми и изгледа неверојатно

Пишува; Точка

Дали се сеќавате на реалното шоу "Honey Boo Boo" во кое истоименото девојче оди на натпревар за убавина? На нејзината мајка Џун, која ги прави познатите шпагети со маргарин и ќеркичката на 9-годишна возраст на која и` даваше Ред Бул за малку да ја „крене“? Денес таа ја откри нејзината неверојатна трансформација!

Едно од најконтроверзните реални шоуа кое се емитуваше на телевизијата TLC дефинитивно е "Honey Boo Boo", ријалити за американско семејство чија ќерка оди на натпревар за убавина.



Во ова реално шоу гледачите можеа да видат секакви работи, претежно кавги, прејадување, пцовки... Шоуто беше откажано откако беше откриено дека мајката на малата натпреварувачка, Џун, се забавувала со маж кој сексуално ги искористувал децата.



Но, „мама Џун“ не запрела тука. Иако тоа реално шоу беше стопирано, тука не завршила нејзината шанса да биде пред камери. Таа добила свое реално шоу - "From Not to Hot", во кое и` било понудено да ослабе, да ги промени животните навики, вредно да тренира и да го оперира желудникот.



И, го направила тоа! Пред неколку дена во Америка се случи „големото откривање“ на сегашниот изглед на мама Џун. Во приложените фотографии, погледнете ја и сами нејзината навистина голема преобразба.





No comments

Powered by Blogger.