13-годишно дете изгубило 19 членови на семејството во еден ден: Слушнавме експлозија и тогаш почнавме да се гушиме

Пишува: Точка

Во нападот со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, загинале повеќе од 80 луѓе, вклучувајќи и голем број на деца. 13-годишниот Мазин Јусуф е еден од оние кои имале среќа да се спасат. Неговите 19 роднини не успеале.

Мазиф бил примен во државната болница "Рејханли" во Турција со единствената преживеана блиска личност што ја има - бабата Ал-Тилави. 55-годишната баба на Мазиф, како тој самиот, била изложена на нервниот гас. 

"Во околу шест часот наутро не бомбардираше авион. Целото семејство загина", им рекла Ал-Тилави на новинарите на CNN. Го опишала моментот кога паѓале бомби во близина на нејзиниот дом, и кога виделе жолт и син чад. 


"Почна да ни се врти во глава и ни меше мачно. Се гушев, и потоа се онесвестив", рекла таа. 
Нејзиниот внук, кој ја пронашол својата баба и се обидел да ја оживее, речиси со истите зборови го опишува тоа кобно утро. 


"Во околу 6:30 се случи воздушен напад. Видов експлозија пред куќата на баба ми. Истрчав бос до таму. Видов како седи и се гуши. Тогаш ми се заврти во глава", рекол Мазин кој во времето кога почнала војната имал седум години. 
Кога се разбудил, видел дека лежи на некој кревет без облека. 


"Мислев дека сме во локална болница. Се свртев кон креветот до мојот и му кажав на човекот кој лежеше таму дека мора да бегаме, бидејќи авионите пак ќе нападнат", вели Мазин. 
Човекот кој лежел покрај него бил неговиот сосед, и тој му кажал дека се наоѓаат во Турција, и му го соопштил страшните вести. 


"Ми кажа дека мојот дедо, дека сите мои роднини и нивните деца се мртви", вели Мазин. 
Мазин на новинарите на CNN им ги преброил имињата и презимињата на сите свои убиени роднини. Вкупно 19. 

No comments

Powered by Blogger.