Траект удри во пристаниште на Канарските Острови, 13 повредени (Видео)

Шпанските власти соопштија дека 13 патници се повредени откако траектот на кој патувале удрил во пристаниште на Канарските Острови.



Портпарлот на Naviera Armas, компанијата што управува со траектот, изјави дека инцидентот бил предизвикан од „дефект на електричната енергија“ додека бродот излегувал од Пуерта дела Луз на островот Гран Канарија вчеравечер.

Службата за итна помош соопшти дека пет од повредените биле префрлени во болница.

На телевизиските снимки може да се види како траектот удира во бетонскиот ѕид.

Компанијата рече дека траектот подоцна успеал да се закотви и дека патниците кои не се повредени се сместени во хотели.

No comments

Powered by Blogger.