Живеел како бездомник, па ја запознал неа: Сега заедно патуваат и откриваат како заработуваат 12.000 долари за една фотка


На својот блог „Do You Travel” тие откриваат дека за најдобра фотографија е потребен добар тајминг.

26 – годишниот Џек Морис и неговата девојка Лорен Булен (24) се запознале во март 2016 година додека и двајцата патувале на Фиџи, а до денес од своите патувања направиле вистински бизнис.



Оттогаш тие патуваат по светот, а со тек на време станале светски познати туристички блогери кои за само една година посетиле 45 земји.



Џек, кој инаку е од Манчестер и неговата девојка Австралијанка, иако на почетокот патувале поради забава, сега со само една фотографија заработуваат повеќе отколку што можете да си замислите.



На својот блог „Do You Travel” тие откриваат дека за одлична фотографија е потребен добар тајминг.

„Поголемиот дел од нашите најдобри фотографии ги направивме по изгревањето на сонцето, речиси во утринските часови, бидејќи тогаш на најубавите места речиси и да нема туристи, додека подоцна во текот на целиот ден на тие исти места не може да се ужива од толпите луѓе“, рекол Џек.



Тој додал дека ги избегнува филтерите за фотографии на Инстаграм, туку фотките само ги поминува ни едноставна корекција на бојата и бистрината и дека е свесен дека поради тоа можеби сите фотографии изгледаат слично, пишува „Daily Mail”.



Овој поранешен мијач на теписи, кој живеел речиси како бездомник додека не се преселил на Бали со Лорен во 2016 година, вели дека најдобрата реклама се усмените зборови на корисниците на Пинтерест и Инстаграм.



„Се обидуваме да балансираме помеѓу создавањето на дом на Бали, патувањето поради забава и патувањето поради работа. Нашата идеја е да посетиме барем една нова земја секој месец, туристички, а за дестинациите одлучуваме во последен момент“, раскажал тој.



Тој и Лорен сите фотографии ги прават сами, а фотографиите на кои се заедно, настануваат со помош на тајмер на телефонот.

Поради милионите следбеници на Инстаграм, овој млад пар одлично заработува.



„Космополитен“ неодамна пишуваше дека Лорен нема да објави спонзорирана фотографија без 3.000 долари, а за самостојна фотографија Џек најмногу бил платен 9.000 долари, а Лорен 7.500 долари. Затоа, овој пар им дава и совети на другите корисници на социјалните мрежи како да заработат 12.000 долари за само една фотографија.



„Еднаш направив реклама за еден бренд на телефон, одлетав на дестинацијата и ја фотографирав. Единственото нешто што требаше да го направам беше да објавам пет фотографии на Инстаграм и за тоа заработив 35.000 долари“, рекол Џек.



Од друга страна, Лорен за само девет месеци врска со Џек заработила половина милион долари и добила 700.000 следбеници на Инстаграм.

No comments

Powered by Blogger.