"Дизајнер од милијарда долари": Почнал да работи на седум години бидејќи немал што да јаде, денес поседува 114 "Rolls Royce" автомобили

Пишува: Точка

Како експерт за внатрешен дизајн, Кенет Бордвик направил богатство во износ од неверојатни шест милијарди фунти.

Дизајнирал палати за арапски кралски семејства и наводно работел и за кралицата Елизабета, како и за војводата и војвотката од Кембриџ. Човекот, кој денес поседува луксузни недвижнини во Беверли Хилс, успехот го должи на скромните, многу сиромашни почетоци.

Денес познат како "дизајнер од милијарда долари", Бордвик поседува 114 автомобили "Rolls Royce", но добро ги памети солзите на неговата мајка откако од автомобил и украле торба со производи, а немала пари да купи други.

"Имав седум години кога сфатив дека сме сиромашни. Следниот ден не дојдов дома од училиште. Најдов работа во соседството. Бришев подови во ординација на киропрактичар, продавница и во перална", и раскажал на водителката Кетрин Рајан во емисијата на британски "Channel 4", "Како се збогативте?".

Неколку децении подоцна станал врвен дизајнер на ентериер, кој според богатството може да се мери со својата клиентела и на смени престојува во Лос Анџелес, каде има канцеларија, и во Дубаи, каде му се наоѓа домот и каде осмислува ентериер за палати, пишува Daily mail.

Вели дека добро е запознаен внатрешниот декор на кралицата, како и со внатрешното уредување на резиденцијата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ на островот Англс, но дека станува збор за "доверливи информации".



Тој, меѓутоа, потврдил и дека работи за кралското семејство во ОАЕ, и дека го дизајнирал внатрешниот простор на палатите во Дубаи и Абу Даби.



"Јас сум веројатно најсреќниот човек кого го познавам. Но, сето тоа е последица од напорна работа, покрај тоа, имам дарба и се придржувам до едно правило. Никогаш не одбивам клиенти и никогаш не велам "не знам"", вели Бордвик.



Благодарение на таквата стратегија, денес има недвижнини ширум светот и 114 "Rolls Royce" автомобили. Сепак, вели дека не размислува за пари.



"Не сум богат, само имам среќа. Слободата ме прави среќен. Го сакам тоа што го работам", вели Бордвик.

No comments

Powered by Blogger.