11 секунди пекол: Бик од 450 килограми прободува матадор низ грлото, устата и јазикот

Пишува: Точка

Бикот, на младиот Даниел, кој инаку го победувал во својата дебитантска борба, му го возвратил ударот и тоа пред 10.000 луѓе во публиката.

Во коридите, во кои инаку биковите сериозно се повредуваат или се брутално убиени, некогаш се случува да настрада и некој матадор.

Така бикот, на младиот Даниел, кој инаку го победувал во својата дебитантска борба, му го возвратил ударот и тоа пред 10.000 луѓе во публиката.

Најпрво се мислело дека матадорот е ранет во бутот, но кога го пренеле во болница лекарите виделе дека бил прободен четири пати, два пати во врат и два пати во вилица.


Страшното видео го покажува моментот кога бикот го фрла матадорот во воздух, а потоа и на земја, додека во позадина може да се слушнат криците на публиката.

Повредите со кои се здобил Даниел Гарсија се толку сериозни што му се оштетени многу мускули и нерви, а докторите укажуваат дека е вистинска среќа што останал жив, пишува Daily Mail.



No comments

Powered by Blogger.