Песната за Џејмс Бонд ја напишала за 10 минути: Факти за Адел

Музиката се промени засекогаш кога во 2008 година Адел го издаде својот деби-албум со наслов „19“. Уживавме во нејзиниот прв огромен хит „Chasing Pavements“, додека „Someone Like You“ и „Hello“ станаа на некој начин официјални музички химни за жени со скршени срца.
15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-01.jpg


Дали знаевте дека Адел е опседната со британската група „Spice Girls“ и дека мора да платите одредена цена за да се запознаете со неа во бекстејџ? Дознајте уште неколку интересни детали за популарната неодолива Адел:

Адел се прославила со помош на социјалната мрежа MySpace

Пејачката добила договор за снимање албум откако нејзин пријател прикачил демо песна на MySpace. Инди дискографската куќа XL Recording беше прогласена за најпопуларна издавачка куќа во 2011 година благодарение на успехот кој го постигна Адел.
15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-02.gif

Договорот за албумот „25“ паднал дури од вторпат

Адел сметала дека има доволно песни за својот трет албум „25“. Кога го однела материјалот на продуцентот Рик Рубин на мислење, тој ѝ рекол „Не ти верувам“. Продуцентот сметал дека песните немаат доволно длабочина и се направени во брзање, па Адел се фрлила повторно на работа.
Адел ја сака Ријана во своето друштво

Додека сите сакаат да се дел од друштвото на Тејлор Свифт, Адел има поинаква замисла. Во интервју за магазинот „Rolling Stone“ Адел изјавила: „Можеби Ријана може да биде дел од моето друштво. Тоа би било навистина кул. О Боже, таа е живот, нели? Ја сакам“.
15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-04.gif

Во 2008 година ја откажа музичката турнеја низ Америка поради нејзиниот тогашен дечко

Подоцна таа признала дека пиела премногу во тој временски период и тоа претставувала основата на нејзината врска со тој дечко. Не можела да поднесе да биде нез него, па едноставно рекла – Тогаш ок, ќе ги откажам сите мои работи. Дечкото, за среќа, е одамна отсутен од нејзиниот живот.

Адел и Блу Ајви на Бијонсе имаат нешто заедничко

Името! Целосното име на Адел е – Адел Лори Блу Аткинс. Нејзиното средно име е Блу, бидејќи нејзиниот татко обожувал блуз музика.


Адел учела со Леона Луис и Џеси Џеј


Трите пејачки биле дел од „BRIT School for Performing Arts and Techology“ истовремено. Интересно е што и Ејми Вајнхаус учела во истото училиште. Очигледно ова е училиште од кое излегуваат таленти.


Првата песна која ја напишала Адел е „Hometown Glory“

Адел имала само 16 години кога ја напишала прекрасната Hometown Glory, посветена на населбата Западен Норвуд во јужниот дел на Лондон. Но, песната „Chasing Pavements“ бил првиот сингл промовиран од албумот „19“.

Адел е опседната со Spice Girls

Популарната група извршила огромно влијание врз страста и љубовта на Адел кон музиката, а таа обожавала да ги имитира пејачките како дете.


Запознавањето со Адел има цена

Доколку сакате да ја запознаете Адел позади бината ќе ве чини најмалку 20 долари кои треба да ги донирате во добротворни цели. Оганизацијата каде што одат донациите всушност ги поддржува сите оние кои се соочиле со смрт на бебе. За време на нејзината британско-европска турнеја, Адел собрала дури 13.000 долари за оваа добротворна цел.

Музичкиот спот за песната „Hello“ е првиот снимен со IMAX камера


Не само што спотот за хитот „Hello“ е снимен со камерата со највисока можна резолуција, тој го срушил и рекордот со 50 милиони прегледи за само 48 часа.
Адел повеќе не пуши

Пејачката пушела по една кутија цигари на ден, но се откажала кога го добила својот син. „Го обожував пушењето цигари, но не е воопшто кул кога би умирала од болест поврзана со пушењето, а моето дете е уништено од разочарување“.

Нејзиниот омилен филм е „Кум“ на режисерот Копола
Адел го открила името на нејзиниот син 94 дена по неговото раѓање

Таа е прилично заштитнички настроена кон нејзиното синче Анџело и успешно тужела британски весник поради нивните папарацо фотки од детето.


Песната „Skyfall“ за филмот Џејмс Бонд ја напишала за 10 минути


За оваа песна Адел освои Златен глобус и Оскар. А, пишувањето на песната траело само 10 минути. Тоа се нарекува вистински талент.
Таа не е само пејачка

Адел не е само вокалист, таа свири и гиитара, бас гитара и кларинет. Мултиталентирана во секој поглед, зарем има некој кој не ја сака прекрасната Адел?

No comments

Powered by Blogger.