По 10 години го прекинал молкот: "Ја видов малата Меди, во тој момент сомнителниот пар ѝ го сокри лицето"

Пишува: Точка

Пилотот Андре ван Вајк десет години по исчезнувањето на Меделин МекКен го прекинал молкот и изјавил дека смета дека го видел девојчето.

Меди исчезнала во 2007. година во Португалија за време на семејниот одмор. Ван Вајк, кој денес има 76 години, открил дека на 22 километри од Праја Де Луз во Португалија видел сомнителен пар кој го сокрил лицето на малото русокосо девојче, пишува OE24.



"Жената го криеше лицето на девојчето"

"Бев на пат од градот Портимао во Лагос, кога видов кочија. Во неа имаше средовечен пар во типична ромска облека. Вниманието ми го привлече жената која го криеше девојчето. Со оглед на тоа дека Меди беше тема на денот, се свртев и ги следев. Во близина на Парчала жената го покри лицето на девојчето и отидоа во камп. Сето тоа го пријавив на властите. Не сум сигурен дали беше Меделин, но ситуацијата ми беше многу чудна", рекол Ван Вијк, кој тврди дека не знае дали полицијата ја истражила неговата пријава.



Британска туристка исто така видела девојче со Роми

Кога два дена подоцна се вратил до кампот, повеќе немало никој. Една британска туристка исто така рекла дека ја видела Меди со Роми, на осум километри од Парчала.

Неколку дена пред пилотот да истапи во јавноста со своите информации, друга жена рекла дека ја видела Меди во Мароко.

No comments

Powered by Blogger.