Колку години би можел да има? Некои велат 10, други 40

Пишува; Точка

Можеби станува збор за ахондроплазија, а во таа насока размислува и еден корисник на Reddit кој страда од истото пореметување.

Благодарение на популарните веб-сајтови и социјални мрежи, почнувајќи од 9gag и Reddit, илјадници луѓе ширум светот моментално се зафатени со прашањето колку години има личноста која ја гледате на фотографијата.

Опсегот на одговори е неверојатен - од 10 до 40 - бидејќи одредени индивидуи на фотографијата гледаат дете, додека други гледаат возрасен маж роден со нарушување на растот.

Кој е во право, не знаеме да ви одговориме, од проста причина што за оваа фотографија моментално се знае само дека е снимена во Индонезија, а бидејќи и деталите на неа се прилично збунувачки.

Всушност, полициските униформи им се достапни на локалните жители, полицијата често ги дели за време на разни едукативни програми во училиштата, а и цигарата во рака може да ве наведе на погрешен заклучок.

Исто како и необичната бразлетна на левата рака, односно рачниот часовник на десната кој потесетува на детски. На кои детали тогаш да се фокусираме? На очите? На брчките на челото?

Можно е да станува збор за ахондроплазија, а во таа насока размислува и еден корисник на Reddit кој боледува од истото нарушување. Се работи за болест која предизвикува џуџест раст.

No comments

Powered by Blogger.