Xiaomi ги претстави новите паметни патики со Intel чип


Xiaomi, во склоп на својот бренд на паметни уреди претстави уште еден нов производ. Станува збор за новиот модел на спортски паметни патики, кои се претставени десет месеци по моделот настанат во соработката со кинеската компанија Li-Ning.

Новиот модел на патики доаѓа со долго име - 90 Minutes Ultra Smart Sportswear и интегриран Curie чип на Intel. Се работи за минијатурен чип со големина на копче кој носи комбинација од микропроцесор, акцелерометар, жироскоп и Bluetooth Smart поврзаност.



Curie е во состојба да забележи неколку вида на податоци за време на различни физички активности како што се оддалеченоста, средната брзина, искористените калории и други информации. Ваквите податоци се видливи по пат на поврзана апликација за Android и iOS уредите.

Патиките делуваат удобно, а материјалот е отпорен на дамки. Тие содржат воздушни перничиња и имаат антибактериски влошки, за поголем комфор. Патиките можат да се купат онлајн по цена од околу 50 евра. Тие се достапни во три различни комбинации на бои – црно-сина, црвено-сина и посебно рефлектирачка сина боја, која може да послужи за ноќни активности.

No comments

Powered by Blogger.