„Wonder Woman“ трејлер: Гал Гадот станува хероина на боговите и луѓето

Објавен е нов трејлер за суперхеројскиот филм „Wonder Woman“ со Гал Гадот во главната улога. Премиерата е закажана за 2 јуни.



Режисерка на филмот е Пети Џенкинс. Во новиот трејлер се појавува и Хиполита, мајката на Дајана, која ја толкува актерката Кони Нелсен. Исто така гледаме дека Дајана располага со меч и штит, а во филмот се бори против германски генерал кој сака да го искористи гасот како оружје за масовно уништување во Првата светска војна.

Покрај новиот трејлер, објавен е и нов постер.

No comments

Powered by Blogger.