Wizz Air пушта билети од 2.99 евра


Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air најави нова линија од Софија до Братислава. Летовите ќе се спроведуваат четири пати неделно, првиот ќе биде спроведен на 30 јуни оваа година.

Компанијата најави цена од 2.99 евра за најновата линија, како и за други од најпопуларните правци за да го стимулира воздушниот сообраќај и да отвори повеќе можности од Бугарија. Цената на билетот е во еден правец со вклучени сите даноци и задолжителни такси.

„Тоа не е печатна грешка и оваа цена нема да важи само за линијата до Братислава, а ќе се применува до неколку линии од Софија“, објави Тамара Валонија, директор за комуникации на компанијата додавајќи дека местата се достапни од денеска и можат да бидат резервирани на сајтот на авиопревозникот.

Со новата линија до Братислава, во мрежата на нискотарифниот превозник влегуваат 44 линии, вклучувајќи ја внатрешната поврзаност помеѓу Софија и Варна. До Братислава ќе има летови во понеделник, среда, петок и недела. Од авиопревозникот сметаат дека нивните клиенти ќе имаат корист од новата линија, бидејќи главниот град на Словачка е само на 80 километри од Виена.

No comments

Powered by Blogger.