"Wikileaks" ја разоткрива ЦИА: За шпионажа го злоупотребувале Путин


Во доверливите документи на американската Централно-разузнавачка агенција - ЦИА, кои неодамна ги објавил "Wikileaks", биле откриени тајни прислушни станици на агенти на ЦИА, за кои се верува дека се наречени по рускиот претседател Владимир Путин, пишува "RT".
Според објавените податоци, ЦИА поседува пет тајни прислушни станици кои се нарекуваат "Џебен Путин". 

Тие прислушни станици се користат за да се надгледуваат уреди како компјутери и телефони, кои се хакувани со помош на штетниот софтвер на ЦИА.




Прислушните станици "Џебен Путин" се виртуелни и се наоѓаат на серверот на ЦИА.

Нив ги користи Филијалата за оперативна поддршка на ЦИА, која се однесува како посредник помеѓу оперативниот кадар на ЦИА и персоналот за техничка поддршка на таа агенција.


Иако во документите кои го објавил "Wikileaks" не се наведува каде се користи "Џебен Путин" ниту содржината која се собира со негова помош, прислушните станици се користат за следење и комуницирање со помош на штетен софтвер, кој веќе ги зафатил компјутерите и другите уреди.

"Wikileaks" неодамна објавил повеќе од 8.000 строго доверливи документи на ЦИА кои, како што тврди, наводно покажуваат дека таа разузнавачка агенција го создала и спровела хакерскиот програм ширум светот.


Документите за кои "WIkileaks" во соопштението наведува дека претставуваат "најголемо откритие во историјата", наводно покажуваат дека ЦИА злоупотребувала бројни производи на големи светски компании.

Станува збор за андроид телефоните на "Google" и телефоните на "Apple", оперативниот систем "Windows" на "Microsoft" И телевизорите на "Samsung", кои ЦИА ги претворала свои оружја со скришни уреди за прислушување.

No comments

Powered by Blogger.