Се самоубила интернет сензацијата и манекенка од насловната на Vogue


Манекенката и студентка по медицина од Малдивите која ја красеше насловната на "Vogue", а доби пофалби за својот изглед и од претседателот на својата држава, извршила самоубиство во студентскиот дом во Бангладеш, пренесува Daily Mail.

Рауда Атиф (21) била студентка по медицина, втора година, при Универзитетот Islami Bank Medical во градот Рајшахи во Бангладеш. Телото го откриле нејзините колешки во нејзината соба, а полицијата го испратила на обдукција.

Махмуд Бегум, домарот на женскиот оддел, изјавил дека манекената секогаш делувала среќно. "Тешко е да се поверува дека таа би се самоубила", изјавил. "Бев во својата соба кога одеднаш го слушнав крикот на студентките. Вратите беа заклучени од внатре, а студентите успеале некако да провалат во собата и ја нашле мртва. Настана паника и хаос", раскажува домарот.

"Се сомневаме дека е самоубиство. Меѓутоа, не можеме да дадеме конечен заклучок додека не го добиеме резултатите од обдукцијата", изјавил Зилур Рахман, задолжен за случајот.

Рауда се прославила по фотографијата, наречена "Девојката од Малдиви со морско сини очи", за која добила пофални зборови и од претседателот на државата на социјалните мрежи.

Поради оваа фотографија таа стана интернет сензација во 2014-та година, а минатата година во октомври ја украси и насловната страница на Индискиот Vogue. "Манекенството ми е хоби, а не кариера. Затоа студирам за да станам лекар", изјавила таа тогаш.



No comments

Powered by Blogger.