Отсега ќе може да бришете цели разговори на Viber!

Откако Viber ја претстави можноста за бришење на одредени пораки, сега компанијата спрема нешто уште поинтересно...



Новата функција им дозволува на корисниците да наместат временски интервал по кој сакаат да се избрише целиот разговор, наместо тоа да го прават порака по порака. Ваквата можност е додаток на веќе постоечката функција со која корисниците можат да кријат разговори со одредена лозинка.

Со цел ваквите разговори да бидат навистина тајни, Viber ќе претстави низа дополнителни функции, вклучувајќи една која не им дозволува на корисниците да праат screenshot на тајните разговори. За жал, ваквиот додаток ќе постои само кај Android корисниците, бидејќи iOS има порестриктивна природа.

Се уште не се знае кога ќе се појави update-тот, но најверојатно ќе биде во наредните денови.

No comments

Powered by Blogger.