Viber лансираше нова верзија која е комбинација на Facebook и Snapchat

Меѓусебното копирање на застанува кај апликациите за допишување, па сега и Viber лансираше нова верзија која благо речено е спој на опциите кои ги нудат Snapchat и Facebook Messenger.

Најатрактивната карактеристика за новата верзија се стикерите кои на корисниците им овозможуваа нов и забавен начин за споделување. За корисниците на Viber кој ширум светот споделуваат повеќе од 40 милијарди стикери избрани помеѓу повеќе од 32.000 на располагање во продавницата за стикери. Овие стикери се познати како една од најголемите и најразновидните збирки достапни на платформите за размена на пораки, но повеќето од нив се наплаќаат.

Со новиот изглед и функции Viber треба да стане позабавен за користење и треба да ја привлече помладата генерација која повеќе се насочува кон Snapchat. Сите останати основни функции се задржани, па ќе имате одлична прегледност на групните пораки, како и опцијата да воспоставувате бесплатни аудио и видео повици.

No comments

Powered by Blogger.