Архитектонска фирма од Њујорк ќе гради облакодер во форма на буквата U


Додека облакодерите одат се повисоко нагоре, една архитектонска компанија од Њујорк има многу понеобичен пристап и предвидува изградба на кула со форма на латинската буква U свртена однаопаку, која ќе ги сруши сите рекорди како најдолгата зграда во светот.

Дизајнерите на проектот Big Bend покажаа облакодер во форма на првртен лак долг 1,2 километри кој ќе се надвисне над областа Billionaires’ Row (Ред на милионери) во Менхетен, каде што има само ултралуксузни и високи згради.

Архитектонското студио Oiio од Њујорк ја добило идејата со цел да се заобиколат строгите закони за зонско развивање во Њујорк. Поради тие закони градежните инженери мора да најдат решение на повеќе трикови со цел да се зголеми висината на зградите и да се вклопат во постојните престижни насeлби.

„Си рековме што ако ја замениме висината со должинаа? Доколку успееме да ја свиткаме нашата структура наместо да ги заобиколуваме законите ќе добиеме една од најпрестижните градби во Менхетен. Воедно и најдолгата зграда во светот“ се вели на нивната страница.

Big Bend ќе биде поголема и од Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати и од кулата Шангај во Кина и ќе стане највисоката зграда во светот. Што се однесува на тоа како ќе се движат луѓето во оваа зграда од Oiio велат дека тоа ќе биде многу едноставно, но револуционерно решение.



„Она што порано се сметаше за најголем предизвик кај индустријата за лифтови сега е реалност: лифтот ќе може да се движи по криви линии, хоризонтално и во кругови“, се вели на страницата на Oiio.

Тие тврдт дека иновативниот систем за следење ќе овозможи хоризонтално поврзување на два лифтови на врвот на зградата и под земја со што ќе се создаде еден затворен круг. Засега Big Bend се уште е во фаза на предлог-проект, но основачот на компанијата, Јоанис Иконому, ги истпратил дизајните за зградата до неколку компании и сега бара инвеститори за да ја оживее оваа негова визија.

(The Independent)

No comments

Powered by Blogger.