Super Mario 2.0 доаѓа на Android следната недела


Nintendo досега ја објави играта Super Mario само за iOS, но од наредната недела ќе биде достапна и Android верзијата на Super Mario Run. Во моментот можете само да се регистрирате на Гугл Плеј на овој линк, а играта ќе стане достапна за преземање во четврток на 23 март.

Super Mario е преземен над 78 милиони пати досега на App Store, а истиот ефект се очекува и од Android корисниците. Преземањето на играта е бесплатно, како и играњето на почетните нивоа. Ако сакате да напредувате ќе мора да доплатите 9,99 долари. За Android корисниците е достапна Super Mario Run 2.0 верзијата, во која има и нови ликови.

No comments

Powered by Blogger.