Германски "Spiegel": На насловната на новиот број прикажан Путин со фризурата на Трамп


На насловната страна на мартовското издание на германското списание "Spiegel", се наоѓа претседателот на Русија Владимир Путин, но со фризурата на американскиот лидер Доналд Трамп.
Во долниот дел од фотографијата стои натпис: "Двоен лидер". Во овој број ќе биде објавена статија под наслов "Руско прашање", посветена на шпекулациите за врските на Трамп со Москва.

Новиот претседател на САД не е прв пат главен лик на насловната страна на Spiegel. Во претходниот број Трамп бил прикажан со отсечената глава на Кипот на слободата.

Други весници исто така во неколку наврати ставале карикатури од рускиот и американскиот лидер. Така, на пример, американски New Yorker објавил број со насловна страна руски јазик и фотографии од Путин и Трамп.

No comments

Powered by Blogger.