Новиот Samsung Galaxy S8 ги надмина очекувањата. Дури и оние на Apple


Изгледа на Apple ќе им бидат потребни доста напори за да ги импресионираат смартфон манијаците по излегувањето на пазарот на новиот Samsung Galaxy S8.

Новиот предводник на корејскиот производител беше претставен синоќа на специјален настан во Њујорк. И тој дојде на виделина со изненадувачки многу нови функции.

Со месеци се коментира дека новиот уред на Apple ќе биде со “бесконечен” извиткан дисплеј. Е, токму со таков располагаат и двете верзии на новата генерација Galaxy – S8 и S8 +.

Да, голем број на специјалисти се во очекување дали дигиталниот асистент на американскиот гигант Siri ќе биде дел од последниот iPhone, кој треба да се појави во текот на есента.

Кон Galaxy S8 и S8 + има уште шлем за виртуелната реалност (VR), како и функција за снимање на 360-степени видео или за директен стриминг на такви.
Сподели

No comments

Powered by Blogger.