Протекоа фотографии од новиот „S Class" на Мерцедес

Пишува: Точка

Официјално, последната 6-та генерација од „С Класата“ на Мерцедес беше претставена во 2013-та година, па сосема е јасно дека производителот на автомобили од Штутгарт наскоро мора да претстави освежен модел.

Се претпоставува дека новата, освежена „С Класа“ ќе биде претставена за неколку месеци, а официјалното претставување малку го засенија шпионските фотографии кои што протекоа на интернет.

На Saudishift тврдат дека на фотографиите е токму новата „С Класа“, во овој случај моделот С560 за кој се додава дека најверојатно под хаубата ќе има 4,0-литарски би-турбо V8 мотор кој ќе развива 476 коњски сили, а во однос на претходникот, ќе троши за 12% помалку гориво.







No comments

Powered by Blogger.