Колку заработува Porsche од еден продаден автомобил?

Германскиот производител на спортски автомобили во последните години има голем пораст на продажбата и заработката од автомобилите. Според пишувањето на Bloomberg, Porsche од секој продаден автомобил профитира околу 16.000 евра.



Во текот на минатата година, компанијата испорача повеќе од 238.000 автомобили, додека просечниот профит по автомобил е зголемен за околу 9 проценти во однос на 2015 година.
Колку за споредба, Mercedes заработува околу 5.000 долари по продаден автомобил, а слична заработка по автомобил има и BMW.

Porsche во последните три години ја зголеми годишната продажба на автомобили за дури 47 проценти, а тоа пред се се должи на кросоверот Macan. Околу 40 проценти од сите продадени Porsche автомобили се токму овој кросовер.

No comments

Powered by Blogger.