Објавен нов трејлер за „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“


Disney го објави новиот трејлер за приказната за пиратот Џекс Спероу и неговиот стар непријател капетан Салазар чија животна желба е да ги уништи пиратите.

Зомбито на Салазар (Хавиер Бардем) тргнува со неговиот екипаж духови од Devil's Triangle за да му се одмазди на Спероу (Џони Деп).

Џек Спероу го бара моќниот артефакт Трозабецот на Посејдон со кој оној кој го поседува има целосна контрола над морето, за да го победи Салазар.

Премиерата на филмот е закажана на 26 мај.

No comments

Powered by Blogger.