Џеф Безос, oсновачот на Amazon, стана втор најбогат човек во светот


Прашајте било кого, кој е најбогатиот човек во светот и без двоумење ќе ви одговорат дека тоа е Бил Гејтс. Тој ја држи првата позиција на листата на најбогати луѓе во светот 18 од последниве 23 години, а ситуацијата не изгледа дека ќе се промени во блиска иднина. Меѓутоа, рангирањето значително се промени од второто место па надолу, па сега уште еден гигант на технолошката индустрија го зазеде второто место.

Според последниот извештај на Bloomberg, основачот на Amazon, Џеф Безос го замени Ворен Бафет на втората позиција минатата среда. Причината е во растот на акциите на Amazon на 18, 32 долари што додаде околу 1,5 милијарда долари на сметката на Безос, правејќи богатство од вкупно 75,6 милијарда долари. Ворен Бафет моментално поседува богатство од 74,9 милијарда долари. Ова е доволно близу за позициите повторно да се променат, но загубите на Бафет се се’ почести, додека богатството на Безос расте.

Џеф Безос моментално има „само“ 10,4 милијарда долари помалку од Бил Гејтс, па наредното прашање е дали евентуално ќе го замени Гејтс на врвот?

Акциите на неговата компанија имаат се’ поголема цена, а според анализите на CNN Money, акциите вредат да се купуваат. Она што додава на богатството на Безос е другата негова компанија Blue Origin која најверојатно ќе понуди вселенски туризам, како и достава во вселената.

Безос исто така е и паметен инвеститор со тоа што потрошил 250.000 долари на акции во Google во 1998 година кои денес вредат околу 2,8 милијарда долари.

Бил Гејтс во последниов период е доста фокусиран на филантропија, додека пак Безос се уште ја гради својата бизнис империја. Гејтс има 61 година, додека Безос е само 53, што значи промената на позициите на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, дефинитивно може да се очекува.

(entrepreneuer.com)

No comments

Powered by Blogger.