Ова се членовите на наjвисокото семејство

Напиша: Точка

Семејството Ван Клиф-Болтон од Есекс во Англија е највисокото семејство во Велика Британија. Ова седумчлено семејство веќе надмина 10 метри височина па наскоро мжат да го срушат рекордот за највисоко семјество во светот.
Највисокото семејство од Велика Британија - Ван Клиф-Болтон ги има сите предиспозиции да стане и највисоко на светот. Нивните најмлади членови, 17-месечните близнаци Езра и Габриел веќе се високи 85 сантиметри. Тоа е навистина изненадувачко, особено ако се земе во предвид дека се родени четири недели пред време. Родителите истакнуваат дека мораат да им купуваат облека за тригодишни дечиња и дека тие се на добар пат да станат највисоките близнаци на светот.


Целото семејство Клиф-Болтон заедно се високи околу 10 метри. 

Нивниот најстар брат Лукас (11) е највисокото момче во одделение. Висок е 1.60 сантиметри на само 11. Сестра му Ева (8) има 1.40 сантиметри, а најмладото братче Џон е високо околу 1.20 сантиметри. Мајката Кеиша е висока 1.95, а таткото 2.13 сантиметри.



"Лукас и Џон се многу високи за своите години, а и апетитот им е огромен. Лукас јаде по три сендвичи после училиште и пак има простор за вечера. Тие се далеку повисоки од своите врсници, а исто и Ева", вели мајка им.


Поранешната кошаркарка Кеиша вели дека Лукас би можел да тргне по нејзините стапки бидејќи тој е заинтересиран за спортот, но моментално има проблем со грбот поради брзиот раст.



"Многу го боли. Другите деца ги немаат овие проблеми. Сите се поприлично слабички иако премногу јадат. Не излегуваме многу бидејќи немаме време да постигнеме. Со пет дечиња, од кои две се бебиња, сме многу зафатени, но си го обожаваме семејството и никогаш ништо не би промениле. Последната бременост ми беше необично тешка па мислам дека ќе ми биде и последна" - додава Кеиша. 




No comments

Powered by Blogger.