Горан Илијевски: “Статијата на Informer има за цел да ги влоши односите на Македонија со Србија”


Пред два дена, на српскиот портал Informer.rs како и на насловната страница на нивниот дневен весник беше објавена статија со наслов “Зоран Заев бара Србија да биде обвинета за наводен геноцид над Албанците во Македонија”. Оваа вест предизвика бура од негативи реакции.
Informer.rs пишува дека Зoран Заев тоа им го соопштил на членовите на својата партија на седницата на Главниот одбор на СДСМ, претставувајќи го тоа како дел од коалициониот договор со ДУИ за состав на новата македонска влада.


За оваа ситуација поразговаравме со Горан Илијевски, претседателот на Партијата на Македонците во Србија, кој изјави дека статијата на овој српски портал може да ги влоши односите помеѓу двете земји:

Informer.rs е портал кој е познат по неговите сензационалистички пишувања, а и овојпат не направија исклучок. Оваа статија има за цел да го запали регионот и да ги влоши односите помеѓу Македонија и Србија. Нив ги интересира само сензација и читаност, без темелна проверка на фактите” – вели тој.

“Непроверените статии од ваков карактер создаваат информативна бариера која подоцна тешко се руши. Невистините кои произлегуваат од оваа статија можат многу лошо да влијаат на Македонците во Србија како малцинство.” – вели Горан.

Во врска со спинуваната информација, се изјасни и директно засегнатиот Зоран Заев, кој тврди дека информацијата е доказ за злобната политика, финансирана од страна на поранешниот премиер.

“Доста е од лажниот патриотизам со кој што го прикриваа крадењето од народот. Ние сакаме мир и просперитет за секој граѓанин на Македонија, како и за сите наши соседи и братски народи”. – изјави Заев. 

Меѓу другото, лидерот на СДСМ гарантира дека ако го добие мандатот в понеделник, односите со Србија значително ќе се подобрат.

No comments

Powered by Blogger.