Huawei го претстави Watch 2

Huawei го претстави Watch 2, новото издание на својот паметен часовник.



Huawei Watch 2 има Qualcomm Snapdragon Wear 2100 процесор кој на корисниците им овозможува да остваруваат повици и да праќаат пораки, независно дали до себе го имаат мобилниот телефон или не. Корисниците можат да ги остават своите мобилни уреди дома и непречено да се занимаваат со физички активности. Независното мобилно поврзување и вградениот GPS овозможуваат непречено вршење на повици и текстуални пораки, како и користење на апликации.



Интергацијата на антени за 4G, GPS, Wi-Fi, Bluetooth и NFC на горниот дел од куќиштето на часовникот овозможува значително подобрена конективност.



Huawei вели дека Watch 2 е идеален за корисници кои се занимаваат со различни физички активности, бидејќи користи сензори со напредни алгоритми кои овозможуваат ефикасни и ефективни решенија за време на вежбањето. Уредот работи на новиот Android Wear 2.0 и опремен е со батерија која трае до два дена со вообичаено користење.

Извор: kajgana.com

No comments

Powered by Blogger.