ОН: Ова се единаесетте најдобри земји за живот


Обединетите нации неодамна го објавиле годинешниот Извештај за човечкиот развој, врз основа на која донесуваат заклучок за тоа кои земји се најдобри за живот.

Рангирањето се врши врз основа на многу фактори, како што се долговечноста на жителите, образованието, здравството, родната рамноправност и финансиската благосостојба, пишува The Independent.

Биле оценувани повеќе од 200 земји во светот, а на врвот на листата се наоѓаат следните земји.

11. САД – Се издвојуваат по големото финансиско богатство. Американците во просек заработуваат околу 53.245 долари годишно.



10. Канада – Рамо до рамо со САД, Канада котира високо по одличниот образовен систем. Повеќе од половина од нејзините граѓани се дипломирани.



9. Исланд – Луѓето на Исланд се многу долговечни – во просек живеат 82.7 години.



8. Ирска – Стапката на криминал во Ирска е многу ниска. Според најновите податоци, стапката на убиства изнесува само 1.1 на 1.000 луѓе.



7. Холандија – Оваа земја се одликува со најмалку изразена родова нерамноправност кога станува збор за заработката – 12.4 отсто. Исто така, треба да се напомене дека овој процент е во постојан пад од деведесеттите години од минатиот век.



6. Сингапур – Станува збор за уште една долговечна нација, чии припадници во просек живеат 83 години.



5. Данска – Кога станува збор за просечните плати на мажите и жените, разликата во оваа земја (поврзано со полното работно време) изнесува 7.8 отсто. Во споредба со тоа, оваа разлика во САД изнесува 17.9 отсто.



4. Германија – Од октомври 2014 година студирањето на сите универзитети во Германија е бесплатно за нејзините жители и меѓународните студенти, додека повеќе од 96 отсто од луѓето имаат завршено средно училиште.



3. Швајцарија – Оваа земја котира многу високо кога станува збор за општото здравје. Луѓето во Швајцарија во просек живеат 83 години, а ризикот од маларија, ХИВ и туберколоза тука е најмал.



2. Австралија – Повеќе од 5 отсто од буџетот на БДП во оваа земја се издвојуваат за образование, по што Австралија го дели истото место со Швајцарија.



1. Норвешка – Тринаесетта година по ред, Норвешка се наоѓа на првото место на листата како земја со најдобар животен стандард, најдобра очекувана должина на животниот век (најдобар државен здравствен систем) и најдобро образование.



Извештајот на ОН покажува дека светот генерално станува подобро место за живот. Иако 800 милиони луѓе и понатаму секој ден легнуваат на спиење гладни, во последните 25 години повеќе од милијарда луѓе успеале да се извлечат од екстремната сиромаштија.

Од друга страна, целокупниот човечки прогрес и понатаму го гушат неколку различни фактори, како што се дискриминацијата и нетолеранцијата.

No comments

Powered by Blogger.