Летечки тврдини: Новите руски хеликоптери „растурија" на бојното поле

Пишува: Точка

Русија планира (или веќе има испратено) на боиштето во Сирија да ги испрати и тестира најновите модели на борбени хеликоптери кои што се наменети за руската воена морнарица.
Станува збор за моделите Ка-52К, Ка-31Р и Ка-226Т кои што би требало да бидат вклучени во служба на руската армија до 2025-та година, иако веќе се произведени првите примероци и интензивно се тестираат.

Овие хеликоптери имаат претрпено значајни измени во однос на своите претходници, а ќе бидат стационирани на најновите фрегати кои што руската воена морнарица допрва треба да ги добие.

Според зборовите на експертите, потребата за ваквите хеликоптери се јавила поради промената во начинот на војување, промените кои што ги претрпела руската воена морнарица, како и за потребата на развој на противподморнички летала.



Производството на овие хеликоптери веќе има започнато, а голем број од измените се базирани врз основа на искуствата стекнати од борбите во граѓанската војна во Сирија.

Последниот успешен тест е извршен со хеликоптерот Ка-52К, хеликоптер наменет за спасување кој што беше стациониран на носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, каде што ги добил највисоките можни оценки. Овој хеликоптер, меѓу другото има значајно поголема огнена моќ во однос на неговите претходници.

Како што пренесуваат руските медиуми, овој хеликоптер може да носи торпеда, длабински бомби и разни проектили.

No comments

Powered by Blogger.